Segway е компанија која стана „дефиниција“ за електрични превозни „направи“ наменети за еден човек. Тие го претставија својот прв производ во 2001 година кога можеби во тоа време се чинеше и до некаде чуден и производ којшто тешко дека масовно ќе се користи.

Во денешно време производите од оваа компанија се користат најмногу од туристите кои го разгледуваат градот кој го посетуваат организирано користејќи ги познатите „возила“ од Segway. Ние лично најмногу Segway тури видовме во Прага, каде на секои 5 минути не одминуваше некоја група која се вози по градот.

Од компанијата минатата недела го претставија својот најнов производ којшто овој пат е наменет повеќе за забава отколку досегашните производи, а може да се каже и дека е наменет повеќе за младите.

Се работи за Segway Drift W1, електрични ролерки, односно ролерки се најблиската споредба што може да се направи. Овие електрични ролерки не се облекуваат како класичните, туку на нив се застанува како и на сите производи од компанијата.

За што повеќе стабилно возење на Drift W1 се грижи посебна технологија од компанијата, од каде што истакнуваат дека во истата се вградени повеќе од 800 патентирани технологии.

Нема најава кога овие електрични ролерки ќе бидат претставени официјално на пазарот, односно кога ќе може да се купат, како и која ќе биде нивната цена.

ИЗВОРSegway
ИЗВОР 29to5Toys
Претходна статијаНово тврдење дека Samsung Galaxy X ќе биде претставен на почетокот од идната година
Следна статијаНаградниот предизвик на VIVAX расте со секој клик
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.