Милано, Италија – 16 март, 2018 Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) ги претстави своите планови за вложување во своите водечки решенија за климатизација на саемот “Мостра Конвего Експокомфорт 2018“ (MCE – Mostra Convego Expocomfort 2018) кој се одржува во Милано, Италија, од 13. до 16. Март, 2018. Со овој потег, Компанијата има за цел зајакнување на својата позиција на Европскиот пазар за уреди за греење, вентилација и климатизација (HVAC – Heating, Ventilation, Air Conditioning).

Биеналето “Мостра Конвего Експокомфорт 2018” е најголемиот саем за уреди за греење, вентилација и климатизација во светот. На овој саем учествуваат над 2.000 изложувачи и 160.000 посетители од целиот свет, а на него може да се погледнат најновите технологии од оваа индустрија. Компанијата Самсунг планира да продолжи да ја промовира својата револуционерна и уникатна “Wind-Free™“ технологија низ Европа и во рамки на овој саем ќе ја прикаже целокупната линија на “Wind-Free™“ уреди за климатизација за станбена и за комерцијална употреба, вклучувајќи ги и еднонасочните (“1-Way”) и четиринасочните (“4- Way) единици.

Самсунг цврсто се позиционира себеси како компанија – лидер во индустријата на глобалниот B2B пазар со нашите иновативни производи и врвна технологија. Очекуваме дополнително да ја искористиме нашата експертиза за технологијата за греење, вентилација и климатизација во рамки на европскиот пазар преку нашата реномиранаWind-Free™ технологија и можностите на Интернетот на Нештата (IoT).” – изјави Чарлс Х. Парк (Charles H. Park), Потпретседател на Бизнисот со Дигитални Уреди, Самсунг Електроникс.

Технологијата “Wind-Free™“ е една од најистакнатите иновации до сега. Откако ќе се достигне саканата температура со режимот “Брзо ладење“ (Fast Cooling” Mode), идеалната температура без директен ветер се одржува со нежно и постепено распрскување на изладен воздух низ микро отворите. На овој начин се постигнува природен ефект на ладење преку оваа “Wind-Free™“ технологија.

Самсунг исто така, воведува и станбени и комерцијални климатизери кои содржат “R32“ – еколошка алтернатива за ладење во согласност со зајакнатите регулативи за заштита на животната средина во Европа. Во споредба со стандардното средство за разладување “R410A“, “R32“ има само една третина од потенцијалот за глобално затоплување (GWP – Global Warming Potential) и се карактеризира со висока ефикасност дури и во помали количини.

Во рамки на изложбата, Самсунг исто така прикажува решенија за климатизација за специфични средини, со поделба на штандот на специфични зони кои симулираат резиденцијален простор, канцелариски објект, угостителски објект и малопродажен објект. Клиентите од “B2B“ секторот ќе имаат можност да го видат “b.IoT“ серверот – уникатното интегрирано решение за управување со објекти на Самсунг, како и паметниот дом базиран на “SmartThings“ апликацијата, кој ја демонстрира визијата на Самсунг за поврзано живеење.

Самсунг прикажа и различни производи за климатизација, како енергетски ефикасната 360 Касета – кружен климатизер кој обезбедува подеднакво ладење на просторот со минимизиран директен ветер. Исто така, на саемот ќе биде представен и уредот “DVM S Eco HR“ со мал капацитет, кој истовремено може да управува со ладењето и греењето во домовите или во малите комерцијални простори.

Во рамки на штандот на Самсунг, посетителите ќе можат да ја тестираат “Wind-Free™“ технологијата  од прва рака во Зоната за Искуство без ветер.

Претходна статијаАко сѐ уште не сте ја прежалиле серијата „Афера“, „Докторка Фостер“ е лекот за вас
Следна статијаКаде ги чува Apple податоците од нивниот iCloud?