Иако Samsung се производителот број 1 на OLED екрани кај мобилните телефони, тие сепак не ја користат оваа технологија кај нивните телевизори. Наместо тоа, тие ја користат QLED технологијата која многу често се меша со OLED.

Доколку и вие не сте сигурни што точно значи QLED и која е разликата помеѓу OLED технологијата, можете да ги прочитате овие две наши статии во кои се обидуваме да го разјасниме ова.

Со цел да привлече повеќе корисници кај своите QLED телевизори, Samsung реши да ја истакне една од негативните карактеристики кои може да се јават кај OLED телевизорите, а тоа е „burn-in“ на сликата. Burn-in е кога на делови од екранот, делови на кои најчесто се прикажува некоја статична слика, како логото од каналот кој се гледа, резултати од спортски натпревар и слично, ќе се појави еден вид затемнување, односно остаток од статичната слика.

Ова секако не е до толку голем проблем, па иако OLED технологијата е подложна на вакви проблеми, производителите преземаат одредени мерки со цел да ги намалат шансите за појава burn-in.

Преку ново видео кое е достапно на YouTube, Samsung на кратко прикажува што е burn-in и како изгледа, за да можете да го познаете, по што ви прикажува целосно црвена слика на која лесно може да се забележат деловите од екранот кои имаат burn-in. Ова видео секако треба да го пуштите преку вашиот телевизор.

Со овој „checker“ Samsung на крајот препорачува дека телевизорот треба да биде однесен на сервис или дека корисникот може да купи QLED телевизор.

Не дека нема многу видеа кои може да се искористат за оваа намена, но мора да се признае дека е едноставен и интересен начин преку кој Samsung можеби ќе „убеди“ дел од корисниците на OLED телевизори, нивниот нов телевизор да биде QLED.

ИЗВОРSamsung YouTube
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаVisa, Mastercard и eBay се новите компании кои ја напуштија Libra Association на Facebook
Следна статијаGoogle уште сега го потврди името на наредната верзија од Android
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.