Гледање на филмови, во време кога резолуцијата на екраните е на ниво кое до пред само 20 години не беше замисливо, прераснува во посебно искуство, за кое веќе не мора да се оди во кино за да максимално се доживее.

Оваа недела решивме да малку подобро ја обработиме темата на QLED технологијата од Samsung кои ги имаат едни од најдобрите телевизори на пазарот. Во првиот текст на оваа тема, објаснивме што воопшто значи QLED, нешто што сигурно се имате запрашано доколку имате разгледувано нов телевизор во продавница.

За потсетување, но ќе ни биде потребна оваа информација и во оваа статија, QLED е кратенка од Quantum-dot LED. Quantum-dot се мали честички со големина од 2 до 10 нанометри, а во зависност од оваа големина, тие прикажуваат одредена боја. Истите се користат како посебен слој во панелот од телевизорите и заедно со LED осветлувањето зад нив, овозможуваат слика која е единствената која може да им конкурира на одличните OLED телевизори.

Зошто QLED телевизорите го овозможуваат можеби најдоброто искуство при гледање на филмови

Боите и одличната светлина на екранот. Ова веднаш треба да се истакне и да се каже дека ретко кој панел успева да го постигне ова. Единствен конкурент на QLED во квалитетот на сликата е OLED панелот којшто е познат по единственото прикажување на црните бои, меѓутоа сликата кај овие телевизори е нешто потемна генерално, а и боите би рекле дека не се забележуваат во споредба со QLED.

Во основа, Quantum-dot е технологијата која е одговорна за едно од најдобрите искуства при гледање на филмови. Боите кои поради оваа технологија се возможни да се прикажат на QLED телевизорите не може да се постигнат на ниту еден од конкурентите на Samsung, а слободно би кажал истото да го споредите во продавниците нареден пат кога ќе купувате телевизор.

За да дојде до израз предноста на оваа технологија, се разбира треба да се гледа HDR содржина во која се снимени скоро сите нови филмови и серии.

QLED екраните овозможуваат 100% од DCI-P3 стандардот на бои поставен од американската филмска индустрија. Тоа се разбира кажува нешто за способноста на екранот да ги прикажува боите, нешто што прави огромна разлика при гледање на филмови и серии.

Претходна статијаСакајќи да го обедини, ЕУ внесе раздор во интернет просторот
Следна статијаLG го најави претставувањето на V40 – смартфонот кој ќе дојде со 5 камери вкупно
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.