Сеул, Кореја – 20 март 2019 година – Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.)денес најави дека нивната серија “КуЛЕД“ (QLED) телевизори од 2019 година ќе понуди нов вид на “Амбиентален режим“ дизајниран да прикаже различна содржина, вклучувајќи и светски познати уметнички дела, дури и во моментите кога ТВ екранот е исклучен. Со опцијата “Амбиентален режим“, корисниците ќе имаат можност преку телевизискиот екран да погледнат широк спектар на содржини како дневни новости, временска прогноза, фотографии и музика. Дополнително, Самсунг соработуваше со реномирани уметници како Тали Ленокс (Tali Lennox) и “Шолтен и Бејжингс“ (Scholten & Baijings), овозможувајќи приказ на нивните уникатни уметнички дела на “КуЛЕД“ телевизорите преку опцијата “Амбиентален режим“.

Достапна во моментов, опцијата “Амбиентален режим“ е дизајнирана да го подобри секојдневието на потрошувачите и да им овозможи уникатно искуство при гледање на содржини, вон рамки на содржините кои ТВ екраните ги прикажуваат кога се вклучени.

“Задоволство ни е да понудиме опција за амбиентален режим, која покрај тоа што додава нова вредност на ТВ екранот кога е исклучен, дополнително со себе носи поволности – корисни за животниот стил на корисниците, надвор од рамките на користење на конвенционалните телевизори. Компанијата Самсунг планира да ги прошири содржините за “Амбиентален Режим“ во текот на следните неколку години преку соработка со млади, талентирани уметници, испорачувајќи им на нашите корисници позначајни начини да уживаат во своите “КуЛЕД“ телевизори.” – изјави Јонгсук Чу (Jongsuk Choo), Извршен Потпретседател на Секторот за визуелни екрани во Самсунг Електроникс.

Како дел од иницијалното создавање на новата опција “Амбиентален Режим“, компанијата Самсунг соработуваше со талентирани уметници, за да им помогне на потрошувачите да ги претворат своите домови во потопло и поудобно опкружување. Позната по нејзините апстрактни слики од масло, Тали Ленокс, модел и уметник, со големо влијание во модната индустрија, ги обедини силите со Самсунг за креирање нов, подобар “Амбиентален Режим“. Воедно “Шолтен и Бејжингс“, со седиште во Холандија, креираа колекција од различни домашни уметнички дела, составена од порцелан и производи од ткаенина со елегантни бои и дезени.

За повеќе информации за “КуЛЕД“ телевизорите на Самсунг, посетете ја веб страната www.samsung.com/tvs.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.