Сеул, Кореја – 27 март, 2019 година – Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) го најави пристигнувањето на два нови саундбари од серијата “Q“. Новите саундбари доаѓаат со Самсунг технологијата за акустичен бим, како и новата функција за прилагодлив звук. Како дел од соработката помеѓу Самсунг Аудио Лаб (Samsung Audio Lab) и Харман Кардон (Harman Kardon), новите “HW-Q70R“ и “HW-Q60R“ саундбари се уште “попаметни“, создавајќи импресивен опкружувачки звук налик домашно кино.

Користејќи ја технологијата за прилагодлив звук, новите “HW-Q70R“ и “HW-Q60R“ саундбари можат да ги анализираат содржините што се репродуцираат на телевизорот на гледачот, прилагодувајќи го идеалниот звук за било каков тип на сцена. Исто така, саундбарите “HW-Q70R“ и “HW-Q60R“ автоматски се префрлаат на прилагодлив звучен режим кога Самсунг КуЛЕД 2019 телевизорот година е поврзан, а режимот на Вештачка Интелигенција е вклучен.

“Преку функцијата за прилагодлив звук која го детерминира и оптимизира звукот според сцената, слушателите можат да уживаат во уште пореалистичен звук, соодветен за секоја содржина. Новите саундбари од серијата ’Q’ пристигнуваат со подобрен квалитет на кој работеа стручни лица и експерти и вклучуваат дизајнерски елементи кои допринесуваат за попривлечна домашна естетика, истовремено создавајќи подобро искуство за корисниците.” – изјави Јонгсук Чу (Jongsuk Chu), Извршен Потпретседател на Бизнис секторот за Визуелни Екрани во компанијата Самсунг.

Новите “HW-Q70R“ и “HW-Q60R“, исто така, содржат карактеристична Самсунг технологија за акустичен бим. Оваа технологија користи низа отвори во самиот звучник за да создаде подинамичен, панорамски звук. Со помош на оваа функција секој агол од собата ќе биде целосно исполнет со звук, креирајќи широка акустична средина.

За полесно и “попаметно“ вклопување во животот на корисниците, саундбарите од “Q“ серијата на Самсунг,  исто така пристигнуваат со Блутут функција овозможувајќи им на корисниците лесно и едноставно да уживаат во висококвалитетна музика со помош на нивните паметни телефони.

Саундбарот “HW-Q70R“ е опремен со “Dolby Atmos“ и “DTS: X“ – неверојатна технологија која создава опкружувачки звук од 360 степени. Оваа технологија досега беше достапна само во премиум моделите на Самсунг саундбари, како “HW-N950“ и “HW-N850“. Со “HW-Q70R“, корисниците сега имаат можност да уживаат во извонредно искуство за домашна забава, со аудио ефекти и звук кој ги исполнува просториите.

Дополнително, саундбарот “HW-Q70R“ со “Dolby Atmos“ и “DTS: X“ технологија е тенок и има  висина од само 59 милиметри, што овозможува подобро совпаѓање со КуЛЕД телевизорот на Самсунг.

Новите саундбари на Самсунг ќе бидат достапни на пазарот започнувајќи од април оваа година. За повеќе информации, посетете ја страната www.samsung.com.

Претходна статија„Tech“ пионери и граѓанска непослушност
Следна статијаМашинското учење го окупира светот, но не на начин на кој вие претпоставувате