gear2

На ден пред почетокот на MWC 2014 настанот, Samsung ја претстави новата генерација од нивниот не толку одамна претставен паметен часовник Galaxy Gear. Новата генерација овој пат доаѓа со два модела, а исто така исклучен е и зборот Galaxy од името на часовниците. Gear 2 и Gear 2 Neo се двата нови паметни часовници што ги претстави Samsung и тие за разлика од првата верзија не работат на Android оперативниот систем. Двата нови часовници работат на Tizen оперативниот систем, кој што исто така е базиран на Linux и е со отворен код. На развојот на овој оперативен систем работи Samsung во соработка со повеќе големи компании, како Intel, Huawei, Orange и други.

Galaxy Gear беше прифатен со критики, односно како добар меѓутоа недовршен производ кои што има простор за подобрување. Критиките меѓу другото се однесуваа на неговиот габаритен дизајн, краткото траење на батеријата од само еден ден, неинтуитивноста на гестовите за работа со часовникот, како и слабите перформанси.

02-gear-2-black-2-1

Новите Gear 2 и Gear 2 Neo доаѓаат со појак двојадрен процесор кој што работи на 1GHz и имаат 512 GB на RAM меморија. Претходниот модел вклучува еднојадрен процесор кој што работи на 800 MHz. Исто така новите модели вклучуваат и вградена меморија за складирање на податоци од 4 GB. Поради вклучувањето на меморијата новите часовници ја имаат можноста за пуштање на музика без потреба од поврзување со мобилен телефон. Поврзувањето со мобилниот телефон ги нуди истите функции како и претходно, односно преку поврзување со Android уред корисниците може да примаат и одговараат на повици, да ги гледаат пораките и нотификациите и слично.

Новите часовници доаѓаат и со нешто променет дизајн. Камерата која што е со 2 мегапиксели веќе не се наоѓа на ременчето, туку на предната страна на часовникот. Исто така тие се полесни и потенки од претходникот.

Поради постоењето на 2 модели, сигурно се прашувате која е разликата помеѓу нив. Двата модели доаѓаат со истите карактеристики, со тоа што Neo моделот е поевтин и поради тоа не доаѓа со вградената камера која што ја има другиот модел.

03-gear-2-black-3-1

Нова функција која што ја добиваат овие часовници е фитнес следењето. Поточно новите Gear 2 часовници имаат вградена акселерометар и жироскоп со што е можно следење на вашите активности при вежбање преку неколку апликации.

Една од најважните можности кој што ги најави Samsung е подобреното траење на батеријата на часовниците, кој што треба да издржи 2 до 3 пати повеќе од првиот модел, односно 2 до 3 дена.

Главните карактеристики на Gear 2 и Gear 2 Neo можете да ги погледнете на следната табела.

Екран1.63” Super AMOLED (320 x 320)
Процесор1.0 GHz Dual Core Processor
Оперативен системTizen OS базиран систем
Камера (само во Gear 2)2 Мегапиксели со авто фокус
ВидеоCodec: H.264, H.263; Format: 3GP, MP4; HD(720p, @30fps) Снимање и гледање
АудиоCodec: MP3/AAC/AMR/Vorbis; Format: MP3, M4A, AAC, OGG
Фитнес функцииСензор за пулс, педометар, вежби, спиење и стрес
АктивностиПешачење, трчање, возење велосипед, планинарење
ФункцииBluetooth повици, камера, нотификации за SMS, Email, апликации, контролирање на музика, закажување на состаноци, S Voice, стоперка, тајмер, временска прогноза, калкулатор, прилагодување и повеќе
ДимензииGear 2 : 36.9 x 58.4x 10.0 mm, 68g
Gear 2 Neo : 37.9 x 58.8 x 10.0mm, 55g
Претходна статијаFacebook Messenger доаѓа на Windows Phone
Следна статијаHuawei го претстави Y300, својот прв модел кој работи на Firefox OS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.