Screenshot_2

Изборот на фитнес алка која ќе ги задоволи вашите потреби може да биде многу збунувачки – какви сензори ви требаат, дали треба да има дисплеј, колку ќе трае батеријата… Ова дополнително е отежнато со цените, кои се движат од 10 до преку 300 евра.

Samsung Gear Fit 2 е фитнес алка која донесува целосни фитнес можности, дополнителен дисплеј, солидно траење на батеријата, две големини и цена од 179 долари – со неа нема да имате никакви забуни, бидејќи има се што ви е потребно.

Gear Fit 2, за разлика од претходникот, има заоблен 1,5 инчен AMOLED дисплеј кој сега многу подобро лежи на раката, што е од огромна важност при фитнес активностите. Во внатрешноста се наоѓа двојадрен Exynos 3250 процесор на 1.0 GHz, помогнат од 512 MB рам меморија, 4 GB простор и батерија со капацитет од 200 mAh, која иако делува мало, од Samsung ветуваат дека може да издржи 3 до 4 дена користење.

Screenshot_3

Она што го прави Gear Fit 2 добар фитнес пријател се вградените сензори, преку кои алката може да оцени дури и каков тип на спорт вежбате. Во неа има и GPS сензор, што значи дека нема да мора да го земете паметниот телефон со вас за прецизно мерење на рутата, додека од Samsung велат дека во алката е вграден и подобрен сензор за мерење на отчукувањата на срцето.

Gear Fit 2 има и паметни можности благодарение на Tizen оперативниот систем – во него можете да ставите песни и да ги слушате на Bluetooth слушалки или пак да го користите Spotify за тоа, додека завршените вежби можете директно да ги споделите на Facebook за да се пофалите на своите пријатели. И повторно, сето ова може да се направи без да го чепкате паметниот телефон.

Screenshot_4

Извор: Engadget, PCWorld, Samsung

Претходна статијаEndless е компјутер за пазарите во развој кој чини само 169 долари
Следна статијаФлексибилните смартфони на Samsung пристигнуваат на почетокот од 2017?