На Unpacked настанот вчера на којшто беа претставени Galaxy Note9 и Galaxy Watch, Samsung претстави, односно најави уште еден производ. Се работи за паметен звучник кој исто така го носи името на Galaxy серијата, Galaxy Home.

Паметните звучници стануваат се повеќе популарни со развојот на вештачката интелигенција, а со тоа и на виртуелните асистенти како што се Siri, Alexa, Cortana, Google Assistant и други. Истите стануваат дел од се повеќе домови, а корисниците ги користат за се што може да се користат овие асистенти на мобилните телефони, со дополнителната предност на подобар звук за слушање на музика.

Galaxy Home се’ уште е во развој и не е точно познато кога би се нашол во продажба. Повеќе информации за него Samsung треба да објави во ноември оваа година.

Како што би се очекувало, Galaxy Home ќе работи со помош на асистентот од компанијата Bixby којшто ќе ги извршува сите команди од корисниците.

Она што го прави овој звучник интересен и посебен е неговиот изглед којшто не е стандарден, па за било кој друг од конкурентите. Изгледот потсетува на можеби вазна или нешто слично, а е поставен на три метални ногарки.

Внатре се поставени 6 звучници и еден саб-вуфер кои треба да овозможат квалитетен и опкружувачки звук. Звучникот е направен од AKG што од старт најавува одличен квалитет.

Внатре исто така се поставени и 8 микрофони кои треба да овозможат слушање на командите на корисникот без грешка и било која локација во просторијата каде е звучникот.

Единствено прашање кое се поставува за овој звучник е поврзано со Bixby. Овој асистент е прилично понов во споредба со конкурентите, а и се’ уште не добива баш најдобри оценки и голем број на корисници.

Претходна статијаНовиот, супер моќен Galaxy Note9: За оние кои сакаат сè
Следна статијаИнфографик – запознајте ја моќта на Galaxy Note9
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.