Иако Samsung одлично се “држи” на пазарот со нивните QLED телевизори, сепак доколку се направо едно “НЗС” од сите факти и дискусии, може да се заклучи дека OLED е технологијата која повеќето корисници ја сакаат. Посебно кога немаат проблем да дадат повеќе пари за најдоброто можно искуство при гледање на филмови.

Тоа веќе нема да биде случајот со новата технологија од Samsung, Micro LED. Оваа технологија ги има сите предности кои беа карактеристични за OLED технологијата, а ги задржува карактеристиките на кои беа научени корисниците на Samsung со QLED.

Тоа значи дека за разлика од QLED, Micro LED технологијата функционира на начин кој не бара заднинско осветлување, односно секој пиксел независно се осветлува самиот. На овој начин функционира OLED технологија и ова беше една од најголемите предности.

Покрај тоа што телевизорите од Samsung ќе можат да бидат тенки како тие на Sony, на пример, поради немањето потреба од заднинско посебно осветлување, независното осветлување на секој пиксел посебно ќе ги донесе тие одлични црни бои и контраст карактеристични досега само кај OLED.

Кога на тоа ќе се додаде дека Micro LED технологијата овозможува одлична светлина и силни бои, може веднаш да се види дека овие телевизори од Samsung ќе бидат наредниот стандард на пазарот.

Иако Samsung претстави телевизор со оваа технологија уште лани на CES 2018, сепак оваа година тие го претставуваат првиот телевизор којшто е наменет за домашна употреба.

Телевизорот доаѓа со 75 инчен екран и 4К резолуција. Од Samsung истакнуваат дека напредокот во технологијата, односно сместувањето на пикселите е доволно развиено да може да се овозможи оваа резолуција.

Оваа технологија исто така е и модуларна. Тоа значи дека екранот е составен од панели кои може да се поврзат едни до други со што се добива можност за повеќе формати и големини зависно од потребите.

Повеќе детали за новиот телевизор од Samsung можете да прочитате на оваа страна.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаHuawei го воведува новиот ARM процесор со ултра-високи перформанси со што ја доведува глобалната компјутерска моќ на повисоко ниво
Следна статијаBose претстави систем кој ја намалува бучавата од патот внатре во автомобилот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.