Скопје, Македонија – 7 ноември 2018 година – Со цел да им овозможи на своите корисници уште поголема сигурност и уживање во гледањето на содржини преку ТВ уредите, Компанијата Самсунг подготви нов “бран“ промотивни активности. Во период од 1 oктомври до 31 декември 2018 година, сите оние кои ќе купат Самсунг “UHD“ или “QLED“  ТВ уред од серијата “Н“ (“N”) од 2018 година ќе добијат 5 години гаранција.

Исто така, покрај оваа гаранција, Самсунг овозможува и дополнителна гаранција од 10 години во случај на ефект на “прегорување“ (“burn-in“ ефект) за сите “QLED“ ТВ модели.

За да може да ја искористат оваа поволност, корисниците треба да го регистрираат купениот уред на веб страната www.samsung5godinigarancija.mk на која може да ја погледнат и листата на уреди опфатени со оваа промоција. За дополнителни информации сите заинтересирани може да се јават во Центарот за грижа за корисници на Самсунг на телефонскиот број: (+389) 23 207 777.

Компанијата Самсунг повеќе од 13 години е светски лидер во производството на ТВ уреди, благодарение на исклучителниот квалитет на сликата, одличниот контраст како и напредните можности на СМАРТ ТВ платформата, за кои Компанијата е наградена со голем број признанија од медиумите.

Претходна статијаGoogle тестира пријавување на незгоди и радарски контроли во Google Maps
Следна статијаSamsung го најави Infinity Flex екранот и прикажа „скриен“ уред кој работи на овој екран