Сите познаваме по некој таков. Без разлика колку слоеви ќе облечат во зима, без разлика колку и да им е дебела или квалитетна јакната, на овие луѓе им е секогаш ладно и секогаш се жалат на тоа. „Ајде бе нека дојде лето, не можам веќе со ладново“ е песна која ја повторуваат 5 месеци во годината.

Ако сакате да куртулите од нивното кенкање и нив да ги спасите од вечен студ, тогаш покажете им ја Kickstarter кампањата на Ravean (https://www.kickstarter.com/projects/ravean/rugged-off-road-all-terrain-any-weather-heated-jac/description) за нивната Rugged јакна со грејни панели. Да, точно прочитавте – Ravean Rugged јакната не само што држи топло, таа вистински ве грее од внатре.

Наменета за оние кои сакаат да поминуваат време надвор во зима, но секако и за оние кои вечно се жалат на студот, Rugged содржи грејни панели во повеќе зони на градите, на плеќите и на ракавите. Има три нивоа на регулирање на температурата, со што во секое време можете да си наместите да ви биде баш таман во вашиот топол кожурец. А во врска со напојувањето, секоја јакна си доаѓа со вградена  10,050mAh батерија, но компанијата тврди дека јакната е компатибилна со батериите кои се користат за повеќето електрични алати, како што се DeWalt, Bosch и Makita.

На официјалниот сајт (https://ravean.com/) можете да се запознаете дополнително со ова одлично парче облека. Плус, во моментот имаат распродажба и испорачуваат низ целиот свет.

ИЗВОР 2Mashable
Претходна статијаCenter for Humane Technology ќе се бори против зависност од друштвени мрежи кај децата
Следна статијаLibreOffice 6.0 го предизвикува Microsoft Office