Во последната статија од серијалот за QLED технологијата, ќе ја истакнеме предноста на телевизорите кои работат на оваа технологија кога вашата главна цел е играње на игри. Веќе можевте да прочитате зошто ги препорачуваме QLED телевизорите за гледање на филмови и серии, па логично е да се надоврземе и за игрите.

Повторно, исто како во случајот со гледањето филмови, иако таму е повеќе релативно, предноста на QLED телевизорите за играњето на игри е во нивната силна светлина и можноста да се репродуцираат сите бои. Комбинацијата од овие две карактеристики, овозможува скоро неспоредлива слика која ја има предноста на LCD технологијата, меѓутоа значително засилена и унапредена со Quantum Dot слојот.

Играњето на игри со QLED телевизор, а посебно во просторија каде има и дополнителни извори на светлина, не може да се спореди со ниту една друга технологија. Дури и одличната, а според некои и значително подобрата, OLED технологија, во ваков случај не би можела да ги понуди перформансите на QLED кога се во прашање боите и светлината.

Како што веќе истакнавме во претходните статии, OLED технологијата има една предност на QLED, а тоа е прикажувањето на темните, односно црните делови од сликата. Меѓутоа, на сметка на тоа, исто така и боите и другите делови кај OLED знаат да бидат послабо осветлени, односно во споредба со QLED екран.

QLED екраните имаат и уште една предност која е особено важна кога е во прашање играњето на игри. Таканаречениот „image burn“, односно останување на дел од сликата на делови од екранот и неможност за нивно тргање, скоро и не е можно кај QLED екраните, а Samsung за тоа дава и прилично голема гаранција.

Кај гејмингот ова е важно поради тоа што при играњето на игри, најчесто има делови кои се фиксни на екранот, делови кои прикажуваат информации за играта, па при често играње тие може да останат на сликата.

Повторно би ги споменале боите кои заедно со јачината на екранот, ретко кој може да успее да им конкурира на QLED телевизорите. Во нашата земја се достапни повеќе модели кои можете да ги купите, а еве го и нашиот предлог за нив на следниот линк.

Претходна статијаАпликации што ќе ти помогнат да почнеш да медитираш
Следна статијаМакпетрол ги додели наградите од третото мастер и шестото редовно коло од наградна игра „ВЕРНА повторно наградува“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.