Со оглед на тоа што во денешно време се користат мобилните телефони, како и паметните часовници, за мерење на фитнес активностите, паметни патики не гледаме баш често на пазарот.

Сепак, во 1986 година, кога никои од денешните уреди не постоеле, а сигурно тоа што го имало не било масовно достапно, претставување на мерач на фитнес активности во патика имало многу повеќе логика.

Puma RS-Computer слободно може да се каже дека била патика многу понапред од времето кога била претставена. Во неа имало вграден чип којшто можел да ги мери времето на вежбање, поминатата оддалеченост, како и потрошените калории.

Овие информации зачувани за изминатите 30 дена, можеле да се префрлат преку кабел на некои од тогаш достапните компјутери, како Apple IIE и Commodore 64. Корисниците тогаш можеле да ги споредат своите резултати и соодветно да го прилагодат своето вежбање.

Новата верзија од RS-Computer доаѓа со истиот изглед и додаток на задната страна. Се разбира, оваа нова верзија е направена со денес достапната технологија, па покрај претходно достапните можности за мерење, сега ќе може да се мерат и чекорите.

Поврзувањето за префрлување на податоците се прави преку Bluetooth, а може да се синхронизира со апликација на Android и iOS. USB кабел ќе биде потребен само за полнење на батеријата.

Новите Puma RS-Computer ќе бидат произведени само во ограничена количина од 86 патики, а ќе се продаваат во неколку продавници во Берлин, САД, Јапонија, како и онлајн преку страната на Puma.

ИЗВОРPuma
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаВи треба ли навистина скап телефон?
Следна статијаVivo го претстави NEX Dual Display Edition – смартфон со екран на предната и задната страна
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.