GlUp

Еден од конкурентите на Google Glass, GlassUp за време на CES 2014 во Лас Вегас на јавноста и го претстави првиот прототип од својот уред.

GlassUp е startup проект базиран во Венеција, кој моментално прибира средства преку разни crowdfunding алтернативи. Според креаторот на проектот – Francesco Giartosio, целта на GlassUp е да понуди алтернатива на Google Glass што ќе ја има претежно истата функционалност, меѓутоа нема да изгледа како нешто излезено од Star Trek серијалот, туку ќе биде повеќе како моден додаток.

Моменталниот прототип на GlassUp тежи околу 70 грама и вклучува акцелерометар, компас и сензор за светлина со тоа што постои можност да биде додаден уште некој сензор во финалниот продукт. Во уредот нема GPS локатор, бидејќи истиот е предвиден да се користи од вашиот телефон или друг поврзан паметен уред. Комуникацијата се одвива преку вграден Bluetooth LE модул, а информациите се прикажуваат на минијатурен дисплеј со резолуција од 320×240 пиксели. Засега се поддржани само Android и iOS уреди, но се разгледува и опцијата за Windows поддршка. Функциите на GlassUp опфаќаат прикажување на Facebook, Twitter, SMS, e-mail и други пораки, нотификации, како и разни информации за околината во која се наоѓате. За разлика од Google Glass, овој уред нема вградена камера, така што според Giartosio нема никаква опасност од нарушување на туѓата приватност.

Финалната верзија на GlassUp се очекува да излезе во продажба летово по цена од 399 долари.

Извор: venturebeat.com

Претходна статијаGlyph проекција на видео директно во вашето око
Следна статијаБио батерии кои работат на шеќер