OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Пионерот кај паметните часовници, Pebble, го претстави својот прв кружен часовник. Паметните часовници земаат се поголемо учество на пазарот, а кружните уреди се најпопуларни, особено во Android Wear еко системот, па беше само прашање на време кога и Pebble ќе го стори тоа.

Часовникот има прилично класичен дизајн и на прв поглед дури и не се забележува дека е „паметен“, што за многумина е и предност. Димензиите му се помали во однос на конкурентите – дебелината е само 7,5 милиметри, додека целиот часовник тежи само 28 грама, што веројатно го прави прилично пријатен за носење.

pebble-round

Часовникот е достапен со неколку различни каишчиња, изработени од кожа и челик, со ширина од 14, односно 20 милиметри, а достапни се и три бои на телото – црна, сребрена и розе – златна.

Како и секој модел на брендот и овој има e-ink дисплеј во боја, кој троши многу помалку енергија во однос на LCD екраните и кој може да биде цело време вклучен, што значи дека нема да се гаси доколку го тргнете погледот од него.

S4_Gold_14mm-e1443011054685-1200x753

Black_20mm-2-e1443010970790-1200x616

Pebble ветува дека батеријата ќе трае два дена, односно еден ден со само 15 минути полнење – подобри резултати од оние на конкуренцијата со LCD екрани, но послаби од досегашните модели на брендот.

Pebble Time Round може да работи со Android и iOS, како и преку некои неофицијални апликации со Windows Phone, што го прави единствен меѓу паметните часовници. Цената на овој модел изнесува 249 долари, а во Европа може да го очекуваме дури наредната година.

Извор: The Next Web, Engadget

Претходна статијаАвтомобилска гума која самата се поправа
Следна статијаNexus 6P – метално тело, голема батерија и предни стерео звучници