140106C.Steel-Trio-1024x640

Pebble е паметен часовник кој што беше претставен минатата година исто така на CES настанот. Истиот беше претставен и на Kickstarter каде што ги собираше потребните средства за развивање на проектот, после кој што беше испорачан на подржувачите.

01A-Device-Lineup-Hi-1024x729

На овогодинешниот CES 2014 настан, Pebble претставуваат две нови работи, една година по успешното претставување на паметниот часовник. Поточно се работи за продавница за апликации (Pebble appstore) преку која што на едно централизирано место ќе може да се пребаруваат достапните апликации и слични додатоци за часовникот. Апликацијата ќе биде интегрирана во веќе постоечките апликации достапни за Android и iOS. Достапните апликации се поделени по категории за полесно пронаоѓање на истите, односно тие се поделени во, дневни, далечински управувачи, фитнес, алатки, нотификации и игри.

140106B.Appstore-Categories-1024x640

Втората работа претставена од страна на Pebble е нов часовник кој што за разлика од првиот модел кој што е направен од пластика, е направен од нерѓосувачки челик. Истиот е нешто потенок, а доаѓа со истите познати карактеристики на првиот модел, меѓу кои и отпорноста на вода и времетраењето на батеријата. Исто така новиот Pebble доаѓа со Corning Gorilla Glass со слој против отисоци од прсти.

Претходна статијаMicorosoft го надгради процесорот во Surface Pro 2 само после 2 месеци од претставувањето
Следна статијаКомпјутери на иднината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.