Долгите редици во супермаркетите во нашата земја се избегнуваат со доаѓање на “шопинг” во време кога знаеме дека гужвата ќе биде помала. Во САД сепак пристапот е нешто поразличен, па на купувачите веќе им се достапни повеќе видови на паметни решенија од Amazon и други компании.

Една компанија смета дека целосно менување на маркетот е скапо и голем број од маркетите нема да сакаат и нема да им се исплати да го направат тоа. Затоа нивното решение вклучува само промена на кошничките за купување со нивните паметни кошнички.

Замислата е да купувачот стави се што му е потребно во кошничката, производите да бидат препознаени и ставени на сметката, а на крајот купувачот ќе плати со картичка преку вградениот пос-терминал и ќе си оди без да треба да чека ред на каса.

Покрај тоа, екранот којшто е поставен на кошничката овозможува и прикажување на промоции на производи, како и на други информации, па целото купување ќе се претвори во многу подобро искуство.

За почеток овие кошнички го препознаваат производот преку читање на бар кодот, но се прави слика од нив по ставањето внатре. Целта е да со тек на време, вештачката интелигенција која е дел од софтверот, се научи да ги препознава производите без потреба од читање на нивниот бар код.

Се прашувам, дали некогаш ќе видиме вакви решенија во нашите маркети…

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаSamsung официјално ја потврди и најави Galaxy M серијата која ќе почне да се продава во Индија
Следна статијаПо исечоците, Nokia се приклучува на трендот на мала дупка за камерата со Nokia 8.1 Plus?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.