Facebook го претстави Oculus Rift S со подобрена резолуција и перформанси

Oculus Rift S ќе биде достапен од оваа пролет по цена од 400 долари

Во рамките на GDC, односно Game Developers Conference, која се одржува оваа недела во Сан Франциско, Facebook ја претстави наредната генерација од нивниот Oculus Rift уред за виртуелна реалност.

Oculus Rift S се смета како замена, односно нова генерација од Oculus Rift платформата која на корисниците има донесува неколку новини и подобрувања за цена од 400 долари кога ќе почне да се продава оваа пролет.

Oculus Rift S доаѓа со подобрена оптика на двата екрани кои се вградени во уредот, како и поголема резолуција. Ова треба да овозможи многу подобро искуство при играњето на игри или било која друга активност за која ќе се користи овој уред.

Rift S исто така е направен да е поудобен за корисникот. За таа цел Facebook, поточно Oculus, има започнато партнерство со Lenovo кои се одговорни за новиот дизајн на уредот.

Интересен додаток е Passthrough+ функција која му овозможува на корисникот да види што се случува околу него во „реалниот“ свет, без да има потреба да ги извади очилата, односно уредот од глава.


ИЗВОРOculus
ИЗВОР 2Facebook
Претходна статијаКорисниците на Windows 7 почнаа да добиваат известување за крајот на поддршката за оперативниот систем
Следна статијаSamsung Galaxy S10+ први импресии
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.