The Verge

Nubia, бренд на кинескиот ZTE, продолжува со претставување на нестандардни производи, односно производи кои го менуваат концептот којшто е „нормален“ на пазарот.

Тие веќе претставија смартфон којшто наместо да користи исечоци на екранот, едноставно вклучува уште еден помал екран на задната страна кој овозможува користење на задната камера како главна за сите видови на слики.

Сега, во рамките на MWC 2019, го претставуваат Nubia Alpha, паметниот часовник којшто не личи на часовниците кои се претставувани од сите останати производители.

Nubia Alpha повеќе личи на мал смартфон чиј што екран кој се превиткува, се навиткува на раката на корисникот и со тоа станува паметен часовник.

Големината на екранот е 4 инчи, па со тоа може да се очекува прикажување на многу повеќе информации од другите часовници. Овој екран исто така има резолуција од 960 на 120 пиксели, а од компанијата истакнуваат дека тој може без проблем да се превитка до 100.000 пати без да се оштети.

Оперативниот систем на којшто работи Nubia Alpha е Android, но изменета верзија која е прилагодена за работа како паметен часовник. Процесорот на уредот е нешто постар, но е наменет за вакви уреди, а исто така има и 1 GB RAM меморија и 8 GB простор за податоци.

Се поставува прашањето дали овој уред реално нуди предност над „обичните“ паметни часовници, а мислење за тоа имаат дечките од The Verge кои имаа шанса да си „поиграат“ со него.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаЗголеми ја продуктивноста со музика
Следна статијаДали Facebook/Google се монополи? (3/3)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.