ct4a0371

Компанијата Mozilla го збогатува својот екосистем Firefox со уште еден уред, MatchStick, кој претставува евтина варијанта на Microsoft Wireless Display Adapter и Chromecast. Главната цел секако е бежично да се емитува содржина од мобилен уред на телевизор или друг голем екран што има влез за HDMI.

Сепак не би биле Mozilla една од поинтересните компании на пазарот доколку не понудат нешто повеќе или пак во најмала рака тоа го презентираат поразлично.

Таков е случајот со MatchStick HDMI за кој имаат направено посебен проект на Kickstarter на кој привлекуваат симпатии од солидарната заедница на поддржувачи. На страницата на проектот нудат опција за купување на Matchsitck по цена од само 12 долари пред да го пуштат во комерцијална продажба (За Македонија треба да се доплатат дополнителни 5 долари за испорачката надвор од САД). Официјалната цена на уредот ќе биде 25 долари, што пак директно конкурира на Chromecast кој се продава по цена од 35 долари.

Matchstick.dongle.bag_

Уредот ќе работи секако на отворениот оперативен систем Firefox OS со кој Mozilla се труди да го прошири својот манифест и својата работа надвор од границите од она што се светски познати односно интернет пребарувачот.

Секако непрофитабилната организација голем дел од своите финансиски средства ги добива од Google, меѓутоа она што го создаваат истовремено парира, но и не ги загрозува гигантите. Нуди своевидна поефтина верзија на повеќе платформи со што мислиме дека сакаат да докажат дека баш не секој уред мора да биде скап за да биде функционален. Таков што е случајот со Firefox OS и Matchstick.

Отворениот софтвер им дозволува на програмерите да ги искористат способностите на уредот и секако да го надополнат со свој код и свои функционалности.

bg_page1_large

Она во што воглавно се впушта Mozilla е еден голем пазар на емитување на содржина. Најмногу поради фактот што веќе Chromecast го прави истото, односно безжично емитување на содржини преку интернет пребарувачот, но и други уреди од конкуренти. Таков е случајот со Fire TV на Amazon, Apple TV и Roku, па сега и Microsoft Wireless Display Adapter кои имаат договори со Hulu и Netflix. Овој процес како што велат од компанијата ќе биде завршен во Јануари кога исто така е закажано и официјалното пуштање во продажба.

Извор: Cnet, TechHive

Претходна статијаГрадот Масдар – град на иднината
Следна статијаWindows 10 Technical Preview достапен за програмерите. Како да го инсталирате на виртуелна машина?