move-it-smart-home-gym

Сите знаеме дека физичката активност е исклучително полезна работа за нас. Нашето тело еволуирало низ историјата да се движи, а модерната дигитална револуција е само точка од километарски-долгата еволуција на биолошките тела кои ги имаме наследено.

Со седечки неподвижен живот се појавуваат најразлични болести како дијабет, срцеви заболувања, намалени интелектуални способности, намалено расположение и депресивни пореметувања, болки во `рбетот… Едноставно – мора да имаме редовна физичка активност!

Сепак, мотивацијата за вежбање тешко се наоѓа. Проблемот е додека да ви стане навика, а потоа е (малку) полесно. За да ви помогне во ова, неколку инженери (од кој еден е Иван Хо, инженер од Microsoft) го создадоа системот Move It.

Што е Move It?

Move It e домашна дигитална вежбална. Дигиталната револуција започна да ги подобрува сите работи, па и овие за оддржување на здраво и привлечно тело. Системот се состои од неколку парчиња опрема:

  • рачки со еластично јаже
  • држачи за на под
  • јаже за скокање
  • тркало за под
  • две рачки со мерни сензори
  • „закачалка“

Секако, заедно со овие доаѓа и мобилна апликација.

Рачките имаат многу сензори кои ги споделуваат информациите за вашето вежбање со апликацијата. Под тоа спаѓа растојание (преку радиобранови на 2,4 ГХц), инфрацрвени сигнали, жироскоп, движење и сензори за допир. Рачките се вклучуваат во другите парчиња опрема и тие автоматски препознаваат која опрема и која вежба ќе може да се вежба со нив.

Апликацијата има цели програми за вежбање направени од професионални фитнес тренери за да постигнувате вистински резултати, а нормално можете да си вежбате тоа што сакате и таа да ви ги брои повторувањата.

Рачките можат да препознаат каков тип на склекови правите, колку пати сте го рипнале јажето, типот на движење на раката и рамето и така натаму.

Апликацијата ќе ве мотивира да не забушавате

move-it-app-challenge

Интересното е што преку сензорите апликацијата следи како вежбате и дали забушавате, а потоа ќе ве прекори. Дополнително, можете да се натпреварувате со други луѓе – пријатели или непознати – насекаде од светот и да се споредувате на истите вежби. Тоа би требало дополнително да ве мотивира да ги изведувате вежбите ефикасни и со елан.

Значи, нема забушавање! Ако сте заинтересирани за Move It можете да ја посетите Indiegogo страницата за кампањата за групно вложување, а можете да го добиете производот за 169 долари што е прилично прифатлива цена за ваков целосен систем за вежбање.

Дополнителни информации: Engadget, CNet, PCMag

Претходна статијаMicrosoft останува посветен на “Mobile” дивизијата, пристигнуваат уште многу модели и надградби
Следна статијаПрви фотографии од двата нови Android смартфони на Blackberry