Можеби Microsoft не успеа да ја „пробие“ Surface серијата на почетокот, а посебно верзијата направена со ARM чип, но сепак Surface Pro X може слободно да се каже дека беше уредот кој привлече најголемо внимание на вчерашниот настан, ако не се земат во предвид Surface Neo и Surface Duo, со двојни екрани.

Surface Pro X е уред којшто работи на мобилен чип, па со тоа ги донесува предностите кои доаѓаат со вакво решение. Ова е и првиот уред од Microsoft од новата категорија на Always On, Always Connected уреди, кои поради тоа што работат на мобилен чип, цело време се поврзани на интернет и цело време можат да добиваат известувања, а не како класичните Windows уреди кои прво мора да бидат отворени и вклучени.

Тука работите стануваат интересни. Наместо на лани најавениот Snapdragon 8cx наменет за ваквите уреди, Surface Pro X ќе работи на посебно развиен чип кој Microsoft го нарекува SQ1. Овој чип сепак треба да овозможи значително подобри перформанси од чипови наменети само за мобилните уреди, па корисниците може да очекуваат добра работа на Windows 10.

Microsoft SQ1 е направен во соработка со Qualcomm, поточно токму со споменатиот Snapdragon 8cx, но со дополнителни подобрувања, како вклучувањето на посебен дел за вештачка интелигенција.

Поради користењето на мобилен чип, Surface Pro X е значително потенок од другите Surface Pro уреди и овозможува подолго траење на батеријата.

Овој уред исто така доаѓа со познатата Type Cover тастатура од Microsoft, со уште едно изненадување. Пенкалцето кое обично кај Surface Pro серијата се чува на страната од уредот со магнет, сега е поставено во „скриениот“ дел од тастатурата и таму цело време се полни.

За таа цел од Microsoft претставија е посебно, потенко пенкалце наречено Slim Pen.

Со оглед на тоа што повеќето корисници за обични работа, како сурфање и гледање видео, не им треба посилен уред, Surface Pro X сигурно ќе се покаже како популарен производ, а посебно кога ќе се земе во предвид дизајнот, поточно колку е тенок и лесен овој уред.  

Претходна статијаSurface Laptop 3 доаѓа во нова големина и AMD Ryzen процесор специјално направен за Surface уредите
Следна статијаAd Astra: Кратка рецензија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.