Microsoft Kinect, на почетокот револуционерен уред којшто требаше да го промени целосно начинот на којшто се играат игрите на Xbox 360, сепак не успеа да ја добие саканата и очекуваната популарност.

Игрите за жал не добија доволно поддршка за овој уред којшто овозможуваше играње со вклучување на целото тело, преку препознавање на движењата на корисникот.

На MWC 2019 Microsoft ја претстави новата генерација од Kinect, овој пат наменета за бизнисите, а не за играчките конзоли. Името на новиот уред е Azure Kinect Development Kit (DK) и како што кажува и самото име, голем дел од работата е поврзана со моќта на „облакот“ на Microsoft.

Уредот овој пат е многу помал, со големина од еден просечен смартфон, со вградени повеќе работи во него. Azure Kinect доаѓа со камера која ја детектира длабочината на објектите пред неа, како и втора стандарна камера.

На ова треба да се додаде групата од 7 микрофони кои се насочени кон сите страни од уредот. Сето тоа е помогнато со вештачката интелигенција која е достапна во облакот од компанијата Azure.

Намената на новиот Kinect е за бизнисите. Што тоа конкретно значи ? Најдобро може да се разбере преку примерите кои ги дава Microsoft од компании кои веќе го користат уредот.

Едната компанија работи со продавница со автоматско препознавање на производите кои ги зема купувачот, додека другата работи со пациенти, а Kinect е тука да процени кога некој од нив е во опасност да падне.

Видеото во продолжение ги прикажува ситуациите во кои се користи Azure Kinect.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаКомпанијата Samsung во рамки на Светскиот Конгрес за Мобилна Технологија (MWC) претстави 5G технолошки решенија кои ја дефинираат индустријата
Следна статијаMicrosoft HoloLens 2 е значително подобрена верзија од очилата повторно наменети за бизнисите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.