sensors-withclasps

Како што се очекуваше на годинешниот CES2014 настан ќе бидат претставени доста интересни уреди за носење (wearables), односно мали геџети кои што се носат на рацете, облеката и слично. Најчесто кога се мисли на ваков тип на уреди, се мисли на паметните часовници, меѓутоа тие не се единствените кои што ќе го добијат своето место на овој настан.

Еден таков интересен геџет наменет за носење на вашата облека е Lift уредот претставен од Lumo BodyTech. Истиот има многу едноставна намена, а тоа е да ве потсетува да се исправите секогаш кога ќе забележи дека седите или стоите подгрбавено. Поточно преку вграден сензор, уредот забележува кога го наведнувате вашето тело надолу, па преку кратко вибрирање ве потсетува да се исправите. Lumo Lift доаѓа и со апликација за мобилните телефони преку која што можете да го следите времето поминато исправено и наведнато.

abby-sensoron

Сепак овој производ нема да биде достапен додека не ги собере потребните средства за да може да се почне со производство. Средствата се прибираат преку јавно прибирање, односно преку нарачки на уредот преку интернет, па доколку биде нарачана потребната количина за да се соберат 200.000 долари, собирањето на средства ќе сме смета за успешно. Цената по која што може да се нарача уредот е 69 долари и до сега се собрани повеќе од 80.000 долари.

Претходна статијаLinksys го најави WRT1900AC ретро рутерот на CES 2014
Следна статијаTouchPico – проектор со вграден Android OS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.