Магнетната левитација, покрај употребите кај возовите, полека наоѓа примена и во други уреди, како на пример Bluetooth звучниците. Вакви модели веќе има неколку на број на онлајн продавниците како Amazon, Ebay и AliExpress, а во трката влегува и LG, кој ќе претстави лебдечки звучник на CES саемот во Лас Вегас.

Звучникот се вика PJ9 (супер иновативно и креативно име) и реално тој не донесува премногу новитети, но има неколку карактеристики кои го прават интересен. На пример, звучникот во горниот дел, кој лебди над базата, има звук од 360 степени, што значи дека ќе може да го слушате во секоја насока. Во превод, супер за оние кои ќе го стават како украс на клуб масичките во центарот на дневната соба.

Она во кое LG PJ9 е подобар од конкурентите е што може да издржи 19 часа со едно полнење на батеријата, вклучувајќи ги лебдењето и свирењето музика. Пред да се испразни батеријата пак звучникот не треснува веднаш на земја, туку постепено се спушта во базата кога ќе почувствува дека батеријата е празна, што е функција која ја немаат многу конкуренти.

Цената на овој интересен звучник сѐ уште не е позната, но веруваме дека ќе ја дознаеме на CES кога тој ќе биде официјално претставен. Како и да е, очекувајте да платите премиум во однос на класичен Bluetooth звучник со сличен квалитет и јачина на звукот.

Извор: Tech Crunch, Engadget, The Verge

Претходна статија10 типа на Facebook објави кои не сакаме да ги читаме во 2017-та
Следна статијаОстанете безбедни во сообраќајот и уживајте во празниците