lg-audi-watch-webos-1

Новиот часовник од LG беше првпат забележан на презентација на Audi на CES2015 настанот оваа недела. Тие што имаат шанса да присуствуваат на овој настан можеа да го видат часовникот кој што треба да биде достапен за корисниците од идната година.

Овој часовник привлече доста внимание поради неколку негови карактеристики. Како прво, тој е направен во популарниот кружен дизајн, нешто што корисниците покажаа дека го преферираат кај новите паметни часовници. Исто така, за разлика од другите модели од компанијата, овој часовник кој што се’ уште не е именуван, изгледа многу поквалитетно, што не е чудно со оглед на фактот дека беше претставен заедно со Audi.

Можеби најмногу внимание кај овој часовник привлече неговиот оперативен систем. Тој не е Android Wear како другите часовници од LG, туку работи на webOS, оперативен систем кој што почна како мобилен, па на крај заврши кај LG кои што до сега го развиваа за нивните телевизори.

Многу информации за часовникот нема, па повеќето доаѓаат од присутните на настанот, а може да се погледне и видеото од Android Central. Од видеото може да се види дека webOS е направен нешто поразлично од другите, а навигацијата низ достапните функции е брза и мазна.

lg-audi-watch-webos-11

Системот исто така овозможува независна работа на часовникот, односно можност за правење на повици, испраќање на пораки и слично.

Сепак часовникот беше претставен од страна на Audi, па очекувано е дека тој ќе вклучува и некои функции поврзани со автомобилот. На презентацијата беше прикажана можноста за отклучување и заклучување на вратите од автомобилот преку апликација на часовникот со користење на NFC.

LG часовникот исто така ги вклучува и повеќето функции кои што се очекуваат од еден паметен часовник, па така на него може да се користат апликации, да се слуша музика, како и да се следат фитнес активностите преку вградените сензори.

Извор: Android Central, PCWorld, The Verge

Претходна статијаIntel Compute Stick – Минијатурен преносен компјутер од Intel
Следна статијаПовеќе информации за Spartan, новиот прелистувач на кој што работи Microsoft
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.