LG_KizON_500

LG денеска го претстави KizON, производ наменет за носење на раката чија што намена е лесно контактирање и следење на малите деца. Можеби за некои ваквиот производ изгледа како претерување, меѓутоа технологијата денес овозможува одредени работи кои што порано не биле достапни, па сигурно има голем број на родители кои што би сакале тоа да го искористат.

LG KizON се става на раката како часовник и е со димензии од 34.7 x 55.2 x 13.9 mm. Работи на батерија со капацитет од 400 mAh и според LG може да издржи до 36 часа на едно полнење. Вклучува GPS и Wi-Fi чип, како и можност за поврзување на 2G/3G мобилна мрежа. На него поставено е само едно копче кои што децата можат да го користат за барање на претходно наместен еден број, како и да одговорат на дојдовните повици. Доколку не одговорат на одредени претходно наместени броеви, уредот автоматски го вклучува повикот, па родителите може да слушаат што се случува во неговата близина.

Преку овој уред, родителите можат да ја следат точната локација на своите деца преку мобилен уред или таблет компјутер кои што работат на Android 4.1 и понова верзија. Доаѓа со функција која што овозможува прикажување на локацијата на уредот во претходно наместени периоди од денот.

LG KizON ќе започне да се продава од утре во Јужна Кореа, по што треба да биде достапен во Европа и Америка до крајот на годината. Цената на уредот уште не е објавена, а истата ќе биде позната на пазарите кога ќе биде достапен уредот.

Извор: LG, Engadget

Претходна статијаПробајте ја новата тастатура од Android L како посебна апликација
Следна статијаFirefly Alpha ракета која работи на метан наменета за поевтини вселенски летови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.