Lenovo-VIBE-Xtension-Selfie-Flash-1

Популарноста на селфи фотографијата станува се поголема и поголема и тоа натера многу производители да размислуваат надвор од конвенционалното, па така HTC го лансираше Desire Eye, смартфон кој има 13 мегапикселна предна камера со блиц, додека Lenovo лансираше блиц, кој може да се користи на секој смартфон со Android оперативен систем, за селфи и за нормална фотографија.

Специјално развиениот блиц на Lenovo ќе се обиде да ја подобри селфи фотографијата во услови на полошо осветлување, односно, доколку има многу позадинска светлина. Истиот се состои од осум LED диоди, чија светлина е дифузирана, што е многу важно за сликање портрети, бидејќи никој не сака преосветлено лице со директна светлина. Најдоброто е што се приклучува во 3.5 милиметарскиот влез за слушалки, што значи дека би требало да работи на секој понов Android телефон.

ces-day-1-lenovo-vibe-xtension-selfie-flash-0086.0

Блицот на Lenovo не е баш „блиц“, туку со притискањето на копчето позади генерира постојана светлина, што значи дека е погоден и за видео снимање, но и за полесно местење пред мобилниот. Инаку, блицот има вградена батерија, која е доволна за околу 100 фотографии со едно полнење, што е веројатно доволно за цел ден сликање селфија на некоја омилена локација.

Lenovo Vibe Xtension Selfie Flash може да се сврти и да се користи како блиц за задната камера, бидејќи е многу посилен од обичните блицови и има подифузирана светлина, која е многу попогодна за фотографија. Блицот се продава по цена од 29 долари и ќе биде достапен веќе на пролет.

lenovo-vibe-selfie-flash

Извор: The Verge

Претходна статијаWishbone – Дигитален термометар за мобилен телефон кој мери без да го допрете
Следна статијаLG G4 треба да има неверојатен 3K екран, но дали тоа им е важно на корисниците?