полиција
Media: China News/The Wall Street Journal

Припадниците на полицијата на Народна Република Кина добија очила опремени со камера која има опција за препознавање на лица. Ваквата софистицирана опрема им се доставува на полициските службеници со цел тие да можат да препознаат лица кои се под потерница.

Официјалното соопштение на кинеската полиција е дека оваа опрема ќе се користи за проверка на лица кои користат лажни документи за идентификација или кои се под потерница.

Меѓутоа се најдоа и такви кои ја обвинија дека кинеската полиција има намера да ја злоупотреби оваа технологија. Поддржувачите на оваа теза велат дека полицијата може да го користи препознавањето на лица против политички неистомисленици или малцинства. НР Кина во неколку наврати беше обвинета за вршење притисок врз Ујгурското малцинство од исламска вероисповест кое го населува северозападниот дел од државата.

Од технички аспект новите очила го автоматизираат процесот на идентификација со покажување на лична карта или друг документ. Очилата прават прецизно скенирање на ликот на одредена индивидуа и резултатите ги споредуваат со фотографии од базата.  За да се пронајде споредба потребни се само неколку секунди.

Произведени се од пекиншката компанија LLVision Technology, а според изгледот потсетуваат на популарните Google Glass. Употреба на ваква технологија е нужност кога се работи за држава како Кина. Огромниот број на популација и големите метежи на железничките станици создаваат потреба полицијата да има контрола над ситуацијата. Очигледно ова е единствениот начин тоа да се спроведе во пракса.

Овие очила покренаа дискусија за масовната контрола на лични податоци и масовното следење на информации. Ваквата теорија ја заговараат т.н. борци за човекови права. Но, разумно би било секој чесен граѓанин кој нема потреба да се крие од законот да не се плаши од тоа државата да „знае нешто повеќе за него“.

ИЗВОР 2WSJ
Претходна статијаДеветто место за каратистката на Макпетрол Моника Стефановска
Следна статијаКаратистите на Макпетрол заминаа за Гвадалахара, Шпанија