jabra-elite-sport

Jabra е еден од најценетите производители на спортски Bluetooth слушалки во моментов, што делумно ја оправдува високата цена на нивните производи. Сепак, со цена од 249 долари, нивните Elite Sport безжични слушалки за спортување се чинат како премногу скапи, иако имаат дополнителна функционалност за мерење на пулсот на срцето.

Elite Sport, кои Jabra ги претстави на IFA во Берлин, се и IP67 водоотпорни, што значи дека не треба да се грижите ако ви паднат во вир со вода и се вистински безжични, што значи дека ќе бидат прилично удобни за спортување, но значи и дека лесно ќе може да се загубат. Батеријата трае 3 часа со едно полнење, но со слушалките доаѓа и кутија за носење, која ќе може да ги наполни уште по два пати, што значи дека ќе имате околу 9 часа користење пред да треба да ги приклучите во штекер.

jabra-elite-sport-

Слушалките ќе може да се користат и за телефонски повици, а од Jabra велат дека тие ќе понудат особен квалитет на разговорите, пред сѐ благодарение на микрофоните во двете слушалки, кои помагаат за чистење на шумот од околината. Elite Sport би требало да понудат и висок квалитет на звукот, иако лично не сум уверен дека вакви слушалки можат да бидат конкурентни на вистинските аудиофилски слушалки кои чинат 250 долари. Тука сепак плаќате за другите функционалности.

Jabra Elite Sport имаат вграден мерач за пулсот на срцето, кој има 90% точност, а доколку ја инсталирате Jabra Sport Life апликацијата на вашиот телефон ќе можете и да слушате совети од виртуелен тренер, со цел побрзо постигнување на посакуваните резултати.

Извор: The Verge, Digital Trends, Jabra

Претходна статијаSamsung Galaxy J2 DTV е евтин Android смартфон со вграден дигитален TV тјунер
Следна статијаLenovo Yoga Book е лаптоп со виртуелна тастатура и простор за пишување