HUMU е перниче кое успешно ги доби бараните средства, па и нешто повеќе, на Indiegogo платформата. Тоа што го прави посебно ова перниче е вградениот звучник во него со посебно развиена технологија за пренесување на звукот.

Корисниците на перничето, покрај тоа што ќе го слушаат звукот којшто доаѓа од звучникот поставен во внатрешноста, ќе можат и да ги почувствуваат дел од звуците, како што се басовите и сличните звуци кои доаѓаат на таа фреквенција.

Може да се каже дека ова перниче е подобро и од слушалки поради слободата која ја овозможува, односно немањето потреба да се има нешто на главата, како и да сме целосно изолирани од звуците на околината.

Како посебно погодно ова перниче се истакнува дека е за гледање на филмови. Близината на звучниот овозможува гласно искуство со скоро ефекти на surround систем, меѓутоа без потреба од целата просторија да „ечи“, а со тоа да им пречи на останатите во домот или во некои ситуации и на соседите.

Од порталот TNW кои имале шанса да го пробаат ова перниче истакнуваат дека технологијата за басови е навистина добра. Тие тврдат дека при гледање на филм се добива потребното „тресење“ на одредени сцени и звуци, а сето тоа се пренесува на телото на корисникот со што за сите во околината не се слуша нешто посебно или гласно.

Од компанијата која стои зад развојот на перничето истакнуваат дека нивниот производ може да се очекува во кината, што кога ќе се размисли е одлична примена. Посетителите на кино ќе добијат поквалитетен звук, а во исто време нема да им пречат оние посетители кои едноставно не престануваат да зборат или да јадат за време на филмот.