MTI4NDgzODUyMTcwNjEwNjk4

Веќе одамна не важи она дека кинеските производители на електронска опрема заостануваат зад етаблираните конкуренти, а производителите како Huawei дури одат и чекор понапред, претставувајќи уреди како новиот Watch, паметен часовник кој буквално ги засенува главните конкуренти и во поглед на дизајнот и во поглед на перформансите и спецификациите.

Целосно изработен од ултра цврст челик, часовникот на Huawei оддава чувство на луксуз и цврстина кое го имаат најскапите јапонски и швајцарски часовници, а притоа задржувајќи ја ниската маса. Huawei Watch е и првиот паметен часовник во светот со предно сафирно стакло, кое се очекува да го има и Apple Watch, но само во поскапите верзии.

hw_415671

Како што налага новата мода, дисплејот е кружен и брои 42 милиметри во дијаметар, додека дебелината на часовникот е само 11,3 милиметри. Самиот екран има резолуција од 400х400 пиксели, што значи дека е перфектно кружен. Зачестеноста на пикселите е 286 ppi, што е најдобар резултат кај паметните часовници досега, додека Amoled технологијата обезбедува висок контраст и одлична видливост и во денски услови, што е многу важно кај еден часовник.

Покрај високото ниво на завршна обработка и употребата на квалитетни материјали за изработката на самиот часовник, Huawei ќе понуди и голем број на ремчиња за часовникот, изработени од вистинска кожа, челик или дури и текстилен материјал. На софтверската страна од дизајнот, понудени се дури 40 различни „часовници“, односно “watch faces” кои имитираат скап, аналоген часовник.

hw_415668

Huawei донесе вистински напредок и во употребата на сензорите – има сензор за број на отчукувања на срцето, сензор за движење и броење на чекорите, како и барометар, кои треба да помогнат во снимањето на фитнес активностите на корисникот.

За работењето ќе биде задолжен Android Wear софтверот на Google, како кај повеќето модерни паметни часовници, кој е компатибилен со сите Android паметни телефони од верзијата 4.3 нагоре. Батеријата од 300 mAh е доволна за околу два дена со едно полнење, што е солидна бројка.

Huawei Watch ќе биде понуден кон средината на оваа година, по засега непозната цена, но според досегашното искуство со овој кинески производител, за очекување е истата да биде пониска во однос на конкурентите, како Moto 360 и LG G Watch Urbane, односно новиот часовник на Apple, кој треба да пристигне наскоро на пазарот.

hw_415668

Извор: The Verge, GSMArena

Претходна статијаСудењето на деценијата: Silk Road дел – 2
Следна статијаSanDisk го извади во јавноста својот најнов „ѕвер“ – MicroSD картичка со капацитет од 200 GB