Во текот на вчерашниот ден Huawei ја претстави новата и одлична P30 серија која повторно го става овој производител на врвот кога е во прашање камерата.

На настанот беа претставени дополнителни производи, меѓу кои и паметни очила, ако може така да се нарече. Се работи за очила во кои има вградено звучник, со што тие може да се користат за правење на повици, како и контрола на уредот преку паметниот асистент.

Очилата се исто така и водоотпорни со стандардот IP67. Се полнат безжично кога ќе се стават во футролата која има батерија со капациет од 2.200 mAh.

Со оглед на тоа што овие очила немаат камера или некои додатни „паметни“ функции, може да се заклучи дека целта на Huawei е да им овозможи на корисниците комуникација со добро дизајнирани очила за сонце.

Очилата инаку се направи во соработка со во Азија познатиот производител на очила, Gentle Monster кои ставаат посебен акцент на стилот, како на очилата, така и на нивните продавници.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаРСБСП: Пешаците и понатаму се една од најзагрозените групи учесници во сообраќајот
Следна статијаПет Udemy курсеви што ќе ти помогнат во животот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.