huawei_carfi_official

Се возите со фамилијата за да си направите излет. Патот до таму е барем еден час и се прашувате како ли ќе ги анимирате децата позади за да избегнете започнување светска војна меѓу нив. Одеднаш ви текнува дека можете да им пуштите Интернет од телефонот како WiFi hotspot за тие преку нивните уреди да се поврзат и да трошат време на непотребни информации.

Тоа пак ќе ја исцеди батеријата на вашиот телефон, а бидејќи одите надвор од град никогаш не знаете кога ќе ви затреба. Затоа на помош доаѓа Huawei со нивниот најнов производ – CarFi. CarFi е уред кој се вметнува во штекерот за запалка на возилото и претставува WiFi hotspot со поддршка на поврзување 10 уреди. Во исто време тој не му треба извор на енергија бидејќи ја користи таа од возилото. Тој дополнително на себе има и USB порта за да можете да го полните вашиот преносен уред.

CarFi го поддржува стандардот 4G LTE Cat4 што значи дека максималната брзина што може да ја постигне е 150 мегабити по секунда за симнување на податоци, и до 50 за качување. Нормално, како полнач на уреди дава 5 волти/1 ампер напон, стандарден USB. Тој автоматски се исклучува кога нема поврзани уреди на него, а за да го пуштите треба да го држите копчето на горната страна. Тој може да се контролира преку апликација Huawei Hilink.

Изгледот му е квалитетен и изработен од комбинација на дрво и јаглеродни влакна за поголема цврстина. Нажалост, цената не му се знае се` уште бидејќи само што беше објавен на MWC2015. За почеток ќе биде достапен на европскиот пазар во три варијанти: црна, кафена и црвена.

Извор: NDTV, CNet

Претходна статијаGoogle објави истражување за потенцијална технологија за распознавање на точни од неточни факти
Следна статијаLeap е натпреварувачот на Blackberry од средната класа