Microsoft дефинитивно ја загуби битката на смартфон сцената – нивниот Windows 10 Mobile оперативен систем скоро и да не е присутен на пазарот. Сепак, последниве неколку години тие покажаа многу напредни технологии, кои не само што можат да конкурираат на смартфоните, туку во догледно време и целосно да ги заменат. Една од нив се холограмите, односно изменетата реалност, која според сите еминентни истражувачи е иднината на паметната технологија.

Засега, пречките на оваа технологија е што мора да носите многу големи очила (Microsoft HoloLens), кои изгледаат многу смешно и се тешки и неудобни за подолг период. Microsoft го знае тоа и затоа работи на нови очила, кои изгледаат како сите други очила, со таа разлика што можат да прикажат холограми во просторот околу корисникот и тоа со видно поле од одлични 80 степени.

Овие очила сепак имаат уште многу ограничувања. Прво големо ограничување е што тие имаат само еден дисплеј, на едното око, иако од Microsoft тврдат дека тој има многу висока резолуција, контраст и одлични бои. Исто така, Microsoft работи на фокусот – како окото ќе го перцепира овој дисплеј (холограм) во просторот околу, а се планираат и специјален софтвер за корисници со кратковидост или долговидност, кој може да ја „изостри“ околината без да има потреба од специјални стакла.

Но, зошто ова би било технологијата на иднината? Замислете вашите омилени апликации, веб страни и пријатели да бидат насекаде околу вас. Да нема веќе потреба да го вадите вашиот смартфон за да ги видите најновите “Stories” на Instagram и Snapchat, да направите видео повик на Skype или да проверите што има ново низ светот. Холограмите имаат моќ целосно да го изменат начинот на кој функционираме и се особено интересни и за компаниите, бидејќи ќе може многу полесно да бидете и таргетирани со реклами, како на пример со билборди кои ќе содржат само ваши интереси.

Извор: ZDNet, OnMSFT, Tech Republic

Претходна статијаMicrosoft го претстави новиот Surface Pro – најдобриот таблет/лаптоп хибрид стана уште подобар, има батерија која трае 13,5 часа
Следна статијаViber на десктоп овозможи гледање на YouTube видеа директно од апликацијата