header-how-it-works

Доколку често се наоѓате во ситуација да останете без сигнал на вашиот мобилен телефон, goTenna уредот сигурно ќе ве заинтересира. Во денешно време можеби ретко има локации каде што нема покриеност со мобилен сигнал, меѓутоа во одредени планински делови, како и во ситуации кога на една локација има голем број на луѓе, може да дојде до проблеми со сигналот, а со тоа и можноста за комуникација.

goTenna е мал уред кој што се поврзува со вашиот мобилен телефон преку Bluetooth LE, а достапни се апликации за телефоните кои што работат на Android и iOS преку кои што се прави комуникацијата. Во основа goTenna комуницира преку долги радио бранови со другите goTenna уреди со што ви овозможува размена на пораки преку апликациите, како и споделување на вашата локација, без потреба од достапност на мобилен сигнал, Wi-Fi или било каква друга мрежа. Со goTenna правите ваша сопствена мрежа за комуникација со вашите пријатели. Оддалеченоста до која што два goTenna уреди може да комуницираат зависи од местото каде што се наоѓате, неговата урбанизација и слични фактори кои што влијаат на радио сигналот, меѓутоа неговите развивачи тврдат дека уредите можат да комуницираат на оддалеченост до околу 80 километри.

PurpleOrange_Front_large

Целата комуникацијата помеѓу goTenna уредите е заштитена со RSA-1024 енкрипција со што се заштитува од можноста да биде пресретната. Исто така уредот нуди можност за само уништување на пораките, нешто што станува популарно кај мобилните апликации за безбедна комуникација. Уредот има вградена меморија која што може да собере околу 1000 пораки кои што автоматски се испраќаат до остварување на комуникација помеѓу двата уреди. Работи на Li-Ion батерија која што со едно полнење може да издржи од 2 до 3 дена, а доколку уредот е цело време вклучен до 30 часа.

goTenna уредот може да се нарача по цена од 150 долари во ограничена количина, по што ќе се продава за 300 долари. Моментално може да се направи пред нарачка чија што цел е да се соберат нарачки во вредност од 50.000 долари за финансирање на производството.

Извор: goTenna, Engadget

Претходна статијаMicrosoft нема да развива Android телефони, ќе се концентрира на Windows Phone
Следна статијаFacebook ја претстави Mentions, апликација наменета за познатите личности
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.