Google_Patent_Teddy_Bear

Google работи на многу различни страни и со секој домен кој се обидува да го освои недиректно се обидува да оствари светска доминација, барем во информационите услуги. Нивната најнова „екскурзија“ во овој правец може да биде патентот со кои тие патентираат концепт за паметни играчки.

Токму така, овие играчки ќе слушаат што вашите деца им кажуваат, ќе реагираат на истото, а патем ќе контролираат разни уреди по домот: ќе одбираат музика, ќе гасат или палат светло и така натаму. Ако концептот на роботизирана „паметна“ играчка не ви е доволно језив сам по себе, тој ќе може да се движи и да ги мрда очите (читај: камерите) кон предметот на интерес.

Сигурно се прашувате како толкава процесирачка моќ ќе се смести во една таква мала играчка, и одговорот е дека – нема. Практично, овие играчки би се поврзувале со серверите на Google и од таму ќе го прашуваат што да одговорат или каква акција да превземат во однос на ситуацијата која ја примаат преку своите микрофони, камери, WiFi уреди и други сензори.

Изгледа дека борбата за заштита на приватноста се префрла и на детско ниво, па ќе видиме како ќе се одвива и дали ќе победат тие кои сметаат дека „ако немаш што да криеш не ти треба приватност“ е апсурдна теза. Од друга страна, како може да се одолее на мала, слатка, влакнеста играчка која е прибирач на еден куп информации за вашиот дом во служба на NSA?

Извор: Engadget, Hot Hardware

Претходна статијаGoogle ќе дава одговори на прашања пред истите да ги довршите
Следна статијаИграњето игри со други го подобрува социјалното однесување