Постојат шанси годинава на пазарот да се појави играчка конзола произведена од Google. Проектот кој во моментов е во фаза на развој е именуван Yeti. Ваквите шпекулации беа пуштени во етер од страна на компанијата во соработка со магазинот The Information.

Се шпекулира дека Yeti со себе ќе донесе и комплетен играчки сервис, покрај самата платформа. Сервисот би функционирал слично на она што го нуди на пример Play Station. Уредот ќе се приклучи на корпусот на производи направени од Google, каде веќе се наоѓаат GoogleHome звучникот, Pixel2 паметниот телефон и Chromecast.

Изворот не открива детали во врска со софтверот кој ќе се користи. Непознато е за кои игри ќе биде оспособена платформата и кои сервиси ќе ги нуди освен исклучиво gaming. Компанијата има стабилни партнери во gaming индустријата, па нема да чуди доколку започне развој на игри за сопствена намена.

Некои извори велат дека платформата е одамна подготвена но се чува далеку од очите на јавноста. Имено, проектот бил подготвен за лансирање уште лани, меѓутоа некои чекори кај конкуренцијата влијаеле истиот да биде одложен. Меѓутоа, тешко е да се поверува дека Google ќе оди на промоција на нов уред од ваков „калибар“ без претходна подготовка на публиката. Тоа ќе значи дека допрва ќе бидеме известени за нивните планови за експанзија на полето на gaming-от.

ИЗВОРTech Radar
ИЗВОР 2The Information
Претходна статијаСондата на NASA направи историска фотографија рушејќи рекорд стар 28 години
Следна статијаДали вештачката интелигенција навистина ќе не пороби?