По паметните звучници, наредното „ниво“ на интеракција со паметните асистенти ќе биде и визуелна. Тоа сигурно може да се заклучи од претставувањето на Home Hub од Google, во истата недела кога Facebook го претстави својот Portal.

Иако Portal од Facebook е во главно наменет за видео повици, тој сепак доаѓа и со паметниот асистент Alexa од Amazon, па влегува во истата категорија со Home Hub од Google.

Во основа, Home Hub треба да ја врши истата функција како паметните звучници кои веќе ги видовме во повеќе изданија. Додавањето на екран на звучникот овозможува дополнителни функции и подобра интеракција која секако доаѓа од можноста да се прикажат информации, а не само да се слушнат.

Google Home Hub доаѓа со 7 инчен екран на којшто корисниците ќе можат да ги гледаат информациите кои им се потребни при интеракција со Google Assistant.

Овој уред покрај стандардна комуникација со асистентот, ќе им овозможи и контрола на уредите во домот којшто се дел од паметниот дом, односно се поврзани во мрежата и можат да се контролираат преку интернет.

Изгледа ваквите уреди се почесто ќе ги гледаме во иднина, па како што повеќето од нашите уреди во домот ќе стануваат паметни, ваквите уреди ќе бидат централното место од каде ќе ги контролираме.

На вчерашниот настан, главнта улога ја имаа Pixel 3 и Pixel 3 XL уредите за кои можете да прочитате на овој линк.