Денес многу често го спомнуваме терминот „Изменета Реалност“, што во превод значи спојување на дигиталниот свет со реалниот свет и скоро секогаш (не само ние), го спомнуваме HoloLens на Microsoft како уред кој најдобро ја покажува иднината или пак играта Pokemon Go како најдобра имплементација.

Сепак, „таткото“ на сите обиди за изменета реалност се очилата Google Glass, кои иако не беа успешни, дефинитивно го трасираа патот кон изменетата реалност.

Новиот фокус кон оваа технологија веројатно ги натера Google да се навратат на Glass. Имено, тие пуштија нова надградба (XE23) после цели три години, која донесува постабилна работа и подобрувања на перформансите, но и можност за користење на надворешни Bluetooth уреди како маус и тастатура.

Всушност, од Android Police веќе ја пробале оваа можност и потврдуваат дека со поврзувањето на Bluetooth маус се појавува поинтер на малото дисплејче. Кул. Потоа, Google Glass доби нова надградба на MyGlass апликацијата, која сега повторно може да ги синхронизира нотификациите од вашиот смартфон или друг паметен уред.

Сето ова не мора дефинитивно да значи дека Google работи на нов уред за изменета реалност, но добро е да се види дека тие и натаму даваат барем и мали напори за оваа технологија. А дека во блиска иднина ќе имаат некаков уред за изменета реалност скоро сум и сигурен, но тој веројатно нема да изгледа како Google Glass, чиј дизајн веројатно беше главна причина за неуспехот (никој не сака да изгледа како киборг).

Извор: ARS Technica, Android Police, The Verge

Претходна статијаГлавниот директор и коосновач на Uber се повлече од својата позиција во компанијата
Следна статијаFacebook тестира заштита на профилната слика од копирање