garmin-fitness-watch copy

Паметните уреди кои можеме да ги носиме на нашето тело стануваат се поприсутни на пазарот, но најкористени и натаму се фитнес нараквиците, кои овозможуваат многу различни функции и одлично следење на тренингот преку неколку различни сензори.

Еден од најпопуларните производители на фитнес паметни уреди, Garmin, ја лансираше новата серија на часовници со дисплеи на допир, кои се пред се наменети за спортистите што трчаат. Ова особено важи за најмоќниот 630 модел, кој има мерач за дистанца, но и неколку други елементи од трчањето, како должината на чекорите, вертикалните осцилации при трчањето, замореноста измерена преку отчукувањата на срцето и брзината на трчањето како и целосниот стрес кој спортистот го прави на организмот, измерено преку константно следење на отчукувањата на срцето.

Покрај фитнес можностите, трите претставени паметни часовници (230, 235 и 630) можат да пуштаат и нотификации од вашиот телефон, слично на паметните часовници со Android Wear или Apple Watch, што значи дека при спортување нема да мора да го вадите телефонот од џебот. Garmin 630 има и можност за дополнителни апликации и виџети, а сите модели имаат можност за контролирање на музиката од телефонот преку самиот часовник.

Цената на трите уреди изнесува 299 долари за Garmin 230, 329 долари за Garmin 235 и 399 долари за Garmin 630.

Извор: Tech Crunch

Претходна статијаUbuntu 15.10 достапен за симнување и надградба
Следна статијаDomino’s Pizza ќе користат специјални автомобили-печки