c8571cbc947e3953650a3ccabfdeeaa1_large

E Ink екраните кои што се направени да наликуваат на обична хартија на која што е испишан текст, на почетокот можеше да се најдат најчесто на електронските читачи на книги, како што е познатиот Kindle од Amazon. Меѓутоа една од карактеристиките на овие екрани, ги направи привлечни да се користат и во други уреди. E Ink екраните трошат многу помалку енергија во споредба со LCD екраните кои што се користат во мобилните уреди. Главната карактеристика која што овозможува E Ink екраните да имаат доста мала потрошувачка на енергија е технологијата од која што се направени која што овозможува тоа што е прикажано на екранот да остане без потреба од енергија, односно дури и кога екранот нема да добива веќе енергија. Тоа значи дека ваквите екрани трошат енергија само кога нешто на нив треба да биде променето, за разлика од LCD екраните кои што мора да бидат освежени повеќе од 30-тина пати во секунда и имаат потреба од енергија цело време, без разлика дали прикажаната слика на нив се менува или не. Оваа карактеристика на E Ink екраните овозможува тие цело време да бидат вклучени и притоа да не трошат ништо од батеријата на уредот.

Поради ваквата карактеристика на E Ink екраните, тие почнуваат да се вградуваат во одредени мобилни телефони, како секундарни екрани, кои што корисниците ќе ги користат во ситуациите кога не им е потребен главниот екран, односно да проверат нотификации, да читаат книга, да користат одредени апликации и слично. Веќе пишувавме за интересниот телефон од Русија YotaPhone кој што покрај стандардниот екран, вклучува и E Ink екран поставен на задната страна од уредот.

Уредот кој што денеска ви го претставуваме ќе ви овозможи да додадете E Ink екран како секундарен екран на вашиот Android мобилен телефон. Наречен InkCase Plus, доаѓа како посебен уред кој што покрај тоа што можете да го користите така, може да се вгради во посебната футрола и секогаш да биде дел од вашиот телефон. Може да се намести да биде свртен од било која страна сакате. Се поврзува со вашиот телефон преку Bluetooth и е цело време вклучен.

Ова е доста интересен додаток, посебно за корисниците кои што веќе користат футрола за нивниот телефон. Преку InkCase Plus можете да ги извршувате сите едноставни активности кои што ги правите повеќе десетици пати во денот и со тоа значително да ја заштедите батеријата на вашиот мобилен телефон. Наместо да го вклучувате вашиот телефон за да видите кој ве бара или од кого е добиената порака, за да ги проверите вашите нотификации, да гледате слики, да читате книги, можете да го користите E Ink екранот кој што цело време е вклучен. Исто така, како што нагласува развивачот на InkCase Plus, овој додаток може да биде навистина корисен и за фитнес и спортските апликации.

e7599f79f1a6e5039f3ce2839dedf5a0_large

InkCase Plus екранот е со големина од 3,5 инчи и резолуција од 360 x 600 пиксели и тежина од 45 грама. Има вградена меморија од 32GB и има поддршка за уреди кои што работат на Android 4.0 и понови.

InkCase Plus е развиван од страна на компанијата OAXIS која што се наоѓа во Los Angeles, California и моментално е во фаза на прибирање на средства преку Kickstarter. Потребната сума од 100.000 долари е веќе помината, односно има собрано повеќе од 140.000 долари во моментот на пишување на оваа статија, на 28 дена до истекот на рокот. Може да се нарача по цена од околу 100 долари, зависно од периодот на нарачка.

Извор: Ubergizmo, Kickstarter

Претходна статијаВдишете ги вашите омилени пијалаци со Vapshot
Следна статијаGoogle Chrome најбрзо ја троши вашата батерија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.