Бесконтактните дебитни картички, кои ги има и кај нас веќе одреден период, се одличен начин за намалување на целата процедура при плаќање. Истите обично како заштита за можноста да се плати без картичката да се стави во POS терминалот имаат лимит до кој може да се плати без да мора да се внесе PIN кодот.

Сепак и за тоа има решение, односно подобар начин на заштита, меѓутоа никако да почне да се користи од страна на банките и производителите на картички.

Британската банка NatWest започна со тестирање на бесконтактни дебитни картички кои имаат вграден сензор за отпечатоци на прсти. Со тоа се врши сигурна автентикација на корисникот, без потреба од внесување на кодови или потписи.

Поради безбедноста на картичката, корисниците кои ќе ја користат, ќе немаат ни лимит, кој во случајот со британската банка е 30 фунти.

Информациите од отисокот на прстот на корисникот се чуваат локално во картичката, со што се трга ризикот од крадење на тие податоци од некоја дата база на банката.

Ова е одлична замена за корисниците кои не можат или уште не сакаат да го користат мобилниот телефон за плаќање со нивната дебитна картичка. Мене лично ова ми е изборот кога плаќам, а кај нас веќе е достапно како можност, среќа.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаДебата: Бесцелни работни позиции (2/2)
Следна статијаКУГАР ТАУН: Зошто треба да се изгледа одлична ситком серија со Кортни Кокс во главната улога
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.