photo-original

Дали знаете по што да препознаете суперуспешна Kickstarter кампања кога ќе ја видите? По тоа што ја надминува потребната минимална цифра од 250 илјади долари. За 56 минути. Трипати по толку за три дена.

Токму тоа успеа да го постигне BLOCKS, концепт за модуларен паметен часовник. Се работи за паметен часовник налик како сите други. Имено, главното тело е Bluetooth-врзано со друг преносен уред и ви ги пренесува известувањата, можете да прегледувате и управувате со содржини или да го користите како обичен часовник.

Тоа што е уникатно и што ги возбуди луѓето е всушност ремчето. Кое е модуларно. Имено, постојат различни типови на модули кои можат да се додадат на него и да ја зголемат батеријата, да додадат GPS антена, сензор за пулс, хаптичен модул, модул за блископојасна комуникација и плаќање, модул за гестикулативна контрола, за отпечатоци…

633a0c3953e23519c89be79aaeb73f1d_original

BLOCKS е означен како „иднино-отпорен“ (future-proof). Поради можноста да се надогради со нови модули практично тој никогаш нема да застари и секогаш кога ќе ви треба нешто дополнително ќе си го купите само тоа.

Самите производители го означуваат како „последниот часовник кој ќе ви треба“ и не се далеку од вистината. Дополнително што е интересно е што часовникот овозможува секој да развие модули за него, па не сте ограничени на тие што ги нудат производителите или пак некои посебни компании.

Производителите во планот имаат да развијат нови модули меѓу кои и модул за квалитетот на воздухот, што е добредојдена иновација особено за кај нас. Па што чекате? BLOCKS ве чека за само 285 долари со што добивате главно тело и четири модули по избор!

Извор: Geek, TechCrunch

Претходна статијаLG Gram е лаптоп кој тежи колку вашиот таблет
Следна статијаНова ХИВ вакцина на пат кон први тестови на луѓе