asus-zenwatch-2

Asus оваа недела на Computex 2015 настанот кој што се одржува во Тајпеј настапи со претставување на повеќе уреди. Еден од нив е втората генерација од нивниот паметен часовник соодветно наречен ZenWatch 2.

Повеќе информации за ZenWatch 2 може да се очекуваат до крајот на годината, па сега можеме само да видиме неколку основни информации.

Една од главните карактеристики кои што се истакнуваат за часовникот е вклучувањето на таканаречено круна копче кое што е карактеристично за обичните часовници. Вакво копче е вклучено во Apple Watch, па веќе се прават споредби помеѓу двата модели. Сепак, какви ќе биде функциите на копчето останува да се види понатаму.

Asus ZenWatch 2 ќе доаѓа со можност за избор од две големини, односно 49mm и 45mm. Главниот дел ќе доаѓа во три бои, а корисниците исто така ќе можат да изберат помеѓу 18 различни ременчиња.

ZanWatch 2 ќе биде изработен од нерѓосувачки челик, а ќе биде заштитен и со Gorilla Glass 3. Батеријата се истакнува дека треба да овозможи 3-4 дена на користење, а ќе биде достапна и дополнителна надворешна батерија која што треба да додаде уште некој час во одредени ситуации за поголемиот модел.

Се’ уште не е објавено кој процесор ќе биде користен за новиот модел, но се очекува да биде некој од понудата на Qualcomm. Претходниот модел доаѓа со Snapdragon 400 и 4 GB простор за складирање на податоци.

Иако популарни, сепак се чека подобрување на технологијата на батериите за паметните часовници навистина да се истакнат како производи. Корисниците веќе имаат да мислат да не заборават да ги наполнат своите паметни телефони, таблет компјутер и слично, па уште еден уред на оваа листа, сигурно не е толку привлечно.

Извор: PCWorld, Cnet, The Verge

Претходна статијаШто го чека Убер во Македонија?
Следна статијаДали Skype треба да се смета како телеком оператор и да подлежи на соодветните закони?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.