Проект Ара - концептуална слика
Проект Ара - концептуална слика
Проект Ара – концептуална слика

За тие што не знаат проектот Ара на Гугл е ангажиран на создавање на модуларен телефон, кој ќе овозможи лесна надградба на телефонот, замена на застарени или оштетени модули (како што е процесорот, меморијата, звучниците и други). Но во исто време модуларноста му овозможува на телефонот да му се вградат карактеристики и можности кои не би се очекувале од еден телефон, барем не во својата основна верзија, како што се сензори за УВ и радиоактивно зрачење, детекција на воздушен притисок и воздушно загадување, сензори за следење на здравјето на неговиот корисник…

Главниот на Ара проектот, Пол Ерменко, изјави дека тоа што него најмногу го возбудува околу проектот е што тој пружа можност за развивање на технологии кои го менуваат животот, вклучувајќи технологии околу човековото здравје. При еден приказ за време на Engage конференцијата од Engadget, на пробна верзија од модуларниот телефон Ара тој закачи модул кој работи како пулсен кислометар. Мерењето на кислородот во крвта се остварува преку притисок со прстот на делот предвиден за тоа на самиот модул, по што тој ги отчитува податоците и ги пренесува на телефонот.

Интересното во ова е што во иднината секој би можел да си има повеќе различни типови на модули кои би ги прикачувал по потреба за конкретната активност. Па така, при трчање добро би дошле сензори за воздушно загадување, воздушен притисок и брзина на срцебиење. Во лето модул за детектирање на јачината на УВ зрачењето би помогнало да корисникот се тргне навремено пред да се здобие со оштетување на кожата и очите, и така натаму.

Само што ја пренесовме веста за револуционеризација на домашната здравствена дијагностика со rHealth, а во спојот со ваквата модуларност можностите се скоро неограничени за човештвото.

Извор: Venture Beat

Претходна статијаrHealth – почетокот во револуцијата на здравствената дијагностика
Следна статијаSpaceX планира да лансира повеќе микро сателите за непречен и евтин интернет пристап