Screen-Shot-2015-07-30-at-14.35.16-780x384

Денешните таблети кои доаѓаат со пенкалце се прилично корисни, пред се благодарение на технологијата за препознавање притисок, која прави да се чувствувате дека пишувате, односно цртате на вистинска хартија. Сепак, Apple ќе се обиде да ја покачи играта на повисоко ниво, со претставување на пенкалце кое ќе може да препознава текстури.

Идејата е кога поминувате со пенкалцето по таблетот, да ја чувствувате текстурата на материјалот кој е прикажан на сликата. На пример, преку ова пенкалце може да се почувствува хартија, текстил, дрво итн. Пенкалцето има вградено специјална камера, која може да го „види“ материјалот, како и неколку други елементи кои треба да го имитираат движењето на различни површини и текстури, а вклучуваат уред со ниска волтажа, кој ги праќа информациите до корисникот.

Stylus-780x295

Оваа технологија делува навистина интересно, но нејзината намена нема да биде само за да можете да се пофалите на другарите какво пенкалце имате, туку ќе може да им помогне на слепите луѓе да ги користат таблетите. Имено, слепите користат посебни типови на хартија со текстури и дупчиња за да читаат, па истото сега би можеле да го прават и на таблет, односно во овој случај на iPad.

Засега нема најави дека оваа технологија би можеле да ја видиме во новиот iPad, односно, се уште е во рана фаза на развој. Сепак, фактот дека iPad се продава се помалку, може драматично да го забрза развојот и ваквото пенкалце да го видиме веќе во наредните неколку години.

Извор: Cult of Mac

Претходна статијаCanon претстави камера која може да гледа во апсолутна темница
Следна статијаMr. Robot: Првични импресии