cs500_intuoscreativestylus_w_case_ipad_rgb

Епл знаеме дека работи напорно да иновира нови технологии и подтехнологии за да ги претвори во нешто применливо за општата популација. Многу често некоја технологија која веќе постоела пред нив и била измислена од некој друг тие ја довеле до ниво на висок квалитет и достапност за пошироката публика. Во таа нивна цел тие цело време поднесуваат патенти до патентната управа на САД, па дури и за секакви глупости и неважни работи (за преглед на што се` има патентирано Епл можете да го посетите блогот Patently Apple).

Најновиот патент со кој се има стекнато Епл се однесува на модуларно дигитално „пенкало“ (стило; stylus) кое ќе може да се користи за управување со електронски уреди (Ајпад, Ајфон итн.), но во исто време со него ќе може да се црта и на стандардна хартија. Ова ќе се остварува со тоа што главата на пенкалото ќе биде посебен модул кој ќе може да се смени со таква која го менува електричниот потенција, со врв кој е маркер, боица, графитно јадро за да црта како молив и слично.

Во самото пенкало ќе има вграден акцелерометар и веројатно жироскоп со кои ќе се овозможи да се открие дали истото било подигнато и да биде активирано во мод за работа, како и да откривањето на патеката на движење на раката.  Самиот уред ќе може да се активира на овој начин, како и ако се допре врвот до некоја површина или ако се активира мануелно од страна на корисникот.

Овој патент Епл го има поднесено во 2010 година, а тек оваа година му е дозволен. Баш сме заинтересирани да видиме каква употреба ќе му најде Епл на овој уред или го користи чисто за патентна војна против своите конкуренти.

Извор: TechCrunch, AppleInsider

Претходна статијаSamsung Ativ One 7 Curved – Десктоп компјутер со свиткан екран
Следна статијаJoe Belfiore уверува дека Office тимот го нема заборавено Windows Phone