Компанијата Apple побара и доби дозвола од Евроазиската Економска Комисија да промовира и продава нов таблет компјутер од моделот iPad. Се работи за серија A1893 и A1954 таблет компјутери кои до сега не се претставени на јавноста. Уредите користат iOS 11 оперативен систем.

Гласини велат дека шансите Apple да промовира нов уред од ваков вид се солидно високи. Компанијата има традиција да претставува нови уреди, кога се однесува на iPad, во периодот помеѓу март и септември. 9,7 ичниот Apple iPad претставен лани има најголеми шанси да добие свој наследник годинава. И тоа можеби веќе во наредните неколку недели. Упатените ќе речат дека компанијата сака да ја одржи продажбата во услови на намалена побарувачка со тоа што ќе лансира поевтина верзија од претходно споменатиот уред.

Вообичаено, Apple презентира по два iPad уреди одеднаш. На тоа индицираат и двата сериски броја кои се појавуваат во документот доставен до ЕЕК. Меѓутоа, дискутабилно е дали се работи за регуларен и mini верзија или пак едниот од двата уреди има GSM способности.